Главни активности на адвокатското друштво ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ се правни и адвокатски услуги за домашни и странски деловни клиенти.
Нашиот тим е составен од искусни адвокати и стручни соработници кој е посветен на ефикасно, стручно и ефективно решавање на правните работи и заштита на правата и правните интереси на нашите клиенти во сите области на правото.
Нудиме високо професионални услуги за што располагаме со човечки и организациски ресурси кои можат да одговорат соодветно на потребите и динамиката на секојдневното работење на деловните субјекти согласно нивните барања.
ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ ги покрива сите области од правото, а располагаме со особена стручност во преземања и спојувања, конкуренција, корпоративно право, јавни набавки, банкарство и финансии, трговско право, странски инвестиции, парници и решавање на спорови, даночно право, интелектуална сопственост и трансфер на технологии, вработување и работни односи.