- Правен советник на комерцијална банка во Македонија во процесите на преговори, подготовка и склучување на Договори за регулирање на долг; Подготовка на изјави за стасани и неплатени долгови и барања за издавање на потврди за извршност од надлежните нотари; Подготовка на предлози за донесување на решение за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа, Подготовка на барања за извршување – 2014 – тековно.
- Правен советник на комерцијална банка во Македонија во застапување пред надлежни судови, подготовка на сите правни документи и преземање на сите потребни правни дејствија – 2014- тековно.
- Правен советник на компанија од Австрија за мобилна телефонија во процесот на преземање на 100% од уделите во македонско друштво кое е активно во телекомуникацискиот сектор, подготовка на извештај за правна длабинска анализа – 2009.
- Локален правен советник на клиент од САД, кој е активен автомобилската индустрија во процесот на преземање на 100% од уделите во македонско друштво, кое е активно во автомобилската индустрија (лоцирано во Технолошки Индустриски Развојни Зони – Скопје), како и подготовка на извештај за правна длабинска анализа, водење на постапка за добивање на решение од Комисијата за заштита на конкуренцијата, водење на постапки (1) пред Централниот регистар на РМ во однос на промената на управителите и името на друштвото и (2) за промената на Договорот за долготраен закуп во Технолошка Индустриска Развојна Зона Скопје, (2013-2014), моментално дава правни и адвокатски услуги на клиентот од САД и фирмата ќерка на клиентот од САД (лоцирана во Технолошка Индустриска Развојна Зона Скопје) – јули 2014 – тековно.
- Во 2014 година исто така делувавме како локален правен советник на странска банкарска институција од Бугарија во постапката за ослободување на обезбедување на побарување во врска со преземањето на друштво во Македонија, кое е активно во телекомуникацискиот сектор.
- Локален правен советник (во соработка со Taylor Wessing Partnerschaftsgesellschaft, Germany), на две германски компании кои се активни во бизнисот со нафта и нејзино рафинирање, при подготовка и поднесување на Известување за концентрација пред Комисијата заштита на конкуренција во Македонија – 2012.
- Локален правен советник на клиент од Бугарија кој е активен во секторот на давање на услуги за обезбедување во постапката за преземање на македонско друштво, кое е активно во истиот сектор – 2010 – 2011.
- Правен советник на компанија од Австрија за мобилна телефонија во процесот на преземање на 100% акции во компанија од Холандија (100% сопственик на вториот мобилен оператор во Македонија), подготовка на извештај за правна длабинска анализа – 2009.
- Локален правен советник на банка од Австрија во процесот на преземање на 100% од акциите на деловна и инвестициона банка од Скопје, подготовка на извештај за правна длабинска анализа, правна помош и застапување во процесот за добивање на лиценца пред Народна Банка на Република Македонија, Комисија за хартии од вредност на Република Македонија и Комисијата за заштита од конкуренција на Република Македонија, 2007 – 2008.
- Локален правен советник на холдинг компанија од Њујорк, САД и нејзината фирма – ќерка од Полска, кои нудат услуги на финансирање на потрошувачката и управување со капиталот, во постапката за подготовка на извештај за правна длабинска анализа за преземање на мнозинскиот дел од акциите на деловна банка од Битола, 2007- 2008.
- Локален правен советник на водечка индустриска и финансиска група од Бугарија, во постапката за преземање на мнозинскиот пакет акции во деловна банка од Скопје – 2007.
- Правен советник на акционерско друштво за телекомуникации од Словенија во процесот на преземање на паричен влог во друштво за информатички системи со седиште во Скопје, 2006.
- Локален правен советник на компанија за енергетика од Австрија, во проектот за приватизација на термоелектрана од Неготино, и подготовка на извештај за правна длабинска анализа – 2006.
- Локален правен советник на компанија за енергетика од Австрија, во проектот за приватизација и купопродажба на 90% од обичните акции во акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија од Скопје, и подготовка на извештај за правна длабинска, како резултат на што компанијата од Австрија стекна 90% од акциите во државна сопственост; дејствува како тековен правен советник и врши консултантски дејствија за компанијата од Австрија – 2006.
- Правен советник и застапник на банкарска институција од САД во постапката за преземање на деловна банка во Република Македонија, 2006.
- Локален правен советник на најголемиот телекомуникациски оператор во Унгарија (фирма – ќерка на телекомуникациски оператор од Германија), во проектот за купопродажба на обични акции во АД за телекомуникации од Скопје, подготовка на извештај за правна длабинска анализа – 2000 – 2002.
- Правен советник во проект за купопродажба на обични акции во друштво за производство на тутунски производи од Скопје од страна на еден од најголемите европски производители на тутунски производи и цигари (со седиште во Германија) преку неговата фирма – ќерка од Словенија; 1998 – 1999.
- Правен советник во проектот за купопродажба на акции во деловна банка од Скопје, во соработка со Правното консултантско друштво “Constant & Constant Solicitors”, Лондон, 1996-1998.
- Закон за санација на банки – измени; Подготовка на Нацрт-закон за измените во Законот за Санација на банките за целосна правна реализација на приватизацијата на деловна банка од Скопје – 1998.
- Локален правен застапник на непрофитен фонд од Њујорк, со специфична мисија да се инволвира во инвестициони активности во пазари во развој и управување на профитни инвестиции кои целат кон одредени бизниси, во постапки за преземање на основни главнини во 10 македонски друштва – 1998- 2008.
Адвокатското друштво ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ нуди правна помош во постапки за основање на друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва, зголемување/намалување на основната главнина во трговски друштва, трансфер/продажба на удели/акции, истапување на содружници, емисии на нови акции по пат на приватна понуда, како и подготовка на сите корпоративни документи (како на пример договори за основање на друштва со ограничена одговорност, изјави, одлуки, договори за пренос на удел, понуди, итн.)
Сме делувале како локален правен советник, меѓу другото, во следните работи:
- Локален правен советник на клиент од САД, кој е активен во автомобилската индустрија во постапка на подготовка на сите корпоративни документи за основање на друштво со ограничена одговорност во Македонија, водење на постапка за регистрирање во Централниот регистар на Република Македонија и Регистарот на странски директни инвестиции (декември 2014 – јануари 2015); моментално дава правни и адвокатски услуги на клиентот од САД и регистрираното друштво со ограничена одговорност во Македонија – 2015 – тековно.
- Локален правен советник на инвеститори од Украина во постапка на подготовка на сите корпоративни документи потребни за основање на акционерско друштво во Македонија (кое е активно во областа на геолошки истражувања), подготовка на сите потребни документи за зголемување на основната главнина преку емисија на нови акции по пат на приватна понуда во истото друштво, добивање на одобренија од Комисијата за хартии од вредност, итн. – 2014.
- Правен советник на македонско друштво со ограничена одговорност, кое е активно во индустријата на производство на здрава храна, во постапката на преговори за истапување на позната меѓународна банка (основана во 1991 година) како содружник од друштвото преку опција за истапување на содружник; вклучувајќи и подготовка на сите корпоративни документи за регистрација на истапување на содружник, сопствен удел, намалување на основната главнина и дополнителни корпоративни промени – 2013 – 2015.
- Давање на правна помош на инвестиционен фонд од Германија во постапката за капитална инвестиција во македонско друштво од Богданци кое е активно во индустријата на органско производство и преглед на потребните корпоративни документи – 2014.
- Локален правен советник на клиент од Германија кој е активен во автомобилската индустрија, во постапката за основање на фирма ќерка – друштво со ограничена одговорност во Македонија – 2012.
- Локален правен советник на црква од САД – во постапката за основање на црква како правно лице во Република Македонија, корпоративно управување, регулирање на престој на странци – мисионери, даночни работи, подготовка на правни мислења – 2010 – тековно.
- Локален правен советник на клиент од САД, кој е активен во автомобилската индустрија, во постапката за преговори на Договорот за вршење на дејност во Технолошко Индустриски Развојни Зони – Прилеп, Договор за долготраен закуп на градежно земјиште и Договор за доделување на државна помош со Владата на Република Македонија – декември 2014 – февруари 2015.
- Локален правен советник на клиент од Италија, кој е активен во областа на производство на амортизери, во постапка на преговори на Договорот за вршење на дејност во Технолошки Индустриски Развојни Зони – Скопје, Договор за долготраен закуп на градежно земјиште и Договор за доделување на државна помош со Владата на Република Македонија – ноември 2014 – тековно.
- Локален правен советник на клиент од САД, кој е активен во автомобилската индустрија, во постапката за подготовка на анекси кон Договорот за вршење на дејност во Технолошки Индустриски Развојни Зони – Прилеп, Договор за долготраен закуп на градежно земјиште и Договор за доделување на државна помош со Владата на Република Македонија – август 2014 – октомври 2014.
- Локален правен советник на инвестициски фонд од Германија во постапка на подготовка на Договори за заеми и Рамковен содружнички договор за мултимилионски заем во евра даден на друштво од Богданци, Македонија, кое е активно во индустријата на органско производство – 2014.
- Локален правен советник на банкарска институција од Бугарија во подготовка на документи за обезбедување – договор за залог врз удел, договор за залог врз права од интелектуална сопственост и договор за залог врз основни средства – како обезбедување на заемот даден во согласност со Senior Facility Agreement и Intercreditor Agreement – 2009.
- Локален правен советник на странска банкарска институција (глобална финансиска институција со потекло од Холандија, која дава услуги од областа на банкарството, инвестициите, животно осигурување и пензионирање) – во врска со преглед и анализа на Senior Facility Agreement и Intercreditor Agreement по правни прашања поврзани со македонските закони и регулатива – 2009.
- Локален правен советник на корпорација од САД која дава мултинационални финансиски услуги, во соработка со White & Case USA 2007- 2008.
- Правен советник на респективна банка со седиште во Франција и Швајцарија (правна длабинска анализа и правно мислење 2007), (подготовка на документи за обезбедување на побарувања 2010-2011).
- Правен советник на рударска компанија од Скопје, член на мултидимензионален бизнис конгломерат кој работи во индустријата на цемент, цинк, стаклени влакна и со нив поврзаните композити, енергетика и индустриска инфраструктура (правна длабинска анализа и правно мислење), 2007.
- Правен застапник и советник на непрофитна корпорација и инвестициски фонд од Њујорк, САД (која обезбедува финансирање – со мали трошоци – на независните медиуми во земјите со историја на влијание врз медиумите), за подготовка на Договори за залог и хипотека, остварување на залогот, исто како и во судските постапки во Македонија, 1997- тековно.
- Правен советник на друштво од Богданци кое е активно во индустријата на органско производство, вклучувајќи подготовка на повеќе правни мислења од областа на финансии, девизно работење, корпоративни промени, недвижности, итн. – 2015 – тековно.
- Правно мислење во врска со последиците од реализација на договор за хипотека за друштво од Македонија кое е активно во областа на ископување на лигнит – 2014.
- Локален правен советник на призната меѓународна банка (основана во 1991 година) во нејзините проекти во Македонија – 2000 – тековно:
- Подготовка на правни мислења во врска со договори за заем склучени со заемопримачи – компании од Македонија (кои се активни во енергетскиот сектор), подготовка на договорите за обезбедување и спроведување на правна длабинска анализа на заемопримачите,во проектот Western Balkans Sustainable Energy Direct Financing Facility (“WeBSEDFF”),
- Правно мислење и спроведување на правна длабинска анализа во врска со деловна банка од Македонија, како заемопримач (2009 – 2010),
- Мислење за ефективноста според македонското право при извршување на Договорот за Гаранција помеѓу инвестициска холдинг компанија од Guernseu, призната меѓународна банка и компанија од Македонија која е активна во индустријата на челик, 2000.
- Правна анализа и совети на друштво од Швајцарија (кое е дистрибутер на еден од водечките производители на опреми за изградба и ископ, мотори на дизел и природен гас, турбини на индустриски гас) и неговата фирма ќерка во Македонија во врска со начинот на обезбедување на парично побарување – 2014.
- Правно мислење, коментари и измени на меморандум за разбирање – помеѓу потенцијален странски инвеститор и содружник во македонско трговско друштво заради склучување на договор за купопродажба на удели, како и регулирање на начинот за давање на нови обезбедувања за заеми дадени на македонското трговско друштво – 2014.
- Правно мислење на комерцијална банка во Македонија во врска со обврската за известување, пресметка и плаќање на ДДВ во постапки за извршување со продажба на одредени стоки (подвижни и неподвижни) и реализација на обезбедувањето на парични побарување или на други начини засновани на извршни исправи – 2014.
- Правно мислење на меѓународен конзорциум во врска со постојани деловни единици во Македонија и нивната регулација со применливото даночно право во Македонија и договорите за избегнувње на двојно оданочување за потребите на нивното учество во меѓународен тендер објавен од страна на Агенцијата за државни патишта (сега Јавно претпријатие за државни патишта), Проект: Коридор Х, Изградба и инсталација на електронски системи за наплата на патарини, финансиран од страна на призната меѓународна банка (основана во 1991) – 2014.
- Правно мислење на непрофитна корпорација и инвестициски фонд од Њујорк, САД (која обезбедува финансирање – со мали трошоци – на независните медиуми во земјите со историја на влијание врз медиумите) во врска со македонските закони и регулатива која се однесува на радиодифузната дејност (применлива и предложена регулатива) (2013); подготовка на коментари и правно мислење во врска со договор за заем во износ од ЕУР 75.000 и Договор за обезбедување, лична гаранција (солидарна гаранција) (2014).
- Локален правен советник на компанија од САД за хотелиерство (која управува со и дава франшизи за широко портфолио на хотели и поврзани сместувачки капацитети) – подготовка на правно мислење во врска со даночните закони и регулативи – 2009.
- Правен експерт во проектот на Европската комисија “One stop shop for business licences and permits”, FWC BENEFICIARIES 2009-LOT 10: Trade, Standards and Private Sector EuropeAid/127054/C/SER/multi, 2011 – 2013.
- Локален правен советник во Проектот за Усогласување на трговската регулатива финансиран од Европската Унија, CARDS програма- 2005-2006.
- Локален правен советник во рамките на меѓународен конзорциум во Проектот на Европската Комисија – Regional Balkans Infrastructure Study – Electricity (REBIS) and Generation Investment Study (GIS) – 2004-2005.
- Во Проектот на Европската Комисија – делуваше како локален правен советник и член на меѓународен конзорциум во CARDS Program Project за набавка на услуги чија цел беше да се обезбеди “Техничка поддршка за заштита на авторски и сродни права” на Владата на Р. Македонија, и да се обезбеди успешна примена и стапување во сила на регулативата за Законот за Авторски и сродни права- 2004.
- Активно вклученi во подготовка на статии во публикациите Getting the Deal Through – MERGER CONTROL изданија од 2007-2016 година, меѓународна регулатива за спојувања и заеднички вложувања во 77 јурисдикции во светот, со осврт на македонската јурисдикција.
- Проект за корпоративно управување – Pilot Enterprise Programme, 2007 -2008.
- Правен експерт во Corporate Governance Program – In – company intervention (проект на меѓународна финансиска институција која нуди услуги на инвестирање, советување и управување, со цел за поттикнување на развојот на приватниот сектор во земјите во развој), 2006 – 2007.
- Правен експерт во Pilot Enterprise Project за обезбедување на Правни консултантски услуги во проектот за Корпоративно Управување и законот за трговски друштва (Corporate Governance and Company Law Project), 2004-2005.
- Советник во проектот Doing Business, годишни публикации за бизнис регулативите во 178 светски економии, 2005 – тековно.
- Соработници во World Justice Project’s Rule of Law Index® од 2010.
- Правен консултант во многу меѓународни проекти, финансирани од меѓународни финансиски институции кои даваат заеми на држави во развоја за капитални програми, банка за развој од ЕУ и други донатори, давање на правни мислења во врска со унапредување на правната регулатива и праска во врска антимонополското однесување на друштвата.
- Локален правен советник на клиент од Германија кој е водечки производител на производи и давател на услуги на луѓе со хронични бубрежни болести во светот во тендерската постапка – Отворен повик за доделување на лиценци за вршење на здравствена дејност – дијализа во мрежата на здравствени установи во Република Македонија – 2013.
- Локален правен советник на конзорциум од Италија во врска со постапката за доделување на јавно приватно партнерство за изградба, управување и одржување на забавниот парк во Скопје – 2013.
- Локален правен советник на компанија од Чешката Република која е активна во енергетскиот сектор, во врска со јавниот тендер од Министерството на Економија на Република Македонија за доделување на концесија за употреба на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река и учество во јавно приватно партнерство со АД ЕЛЕМ; Подготовка на правно мислење во врска со Договорот за концесија за вода и Договорот за јавно приватно партнерство – 2011 година.
- Локален правен советник на друштво од Словенија (кое има големо портфолио на производи, услуги и решенија за сигнализација во сообраќајот, производство на регистрациони таблици и метални производи) и македонско друштво (кое активно во телекомуникацискиот сектор) во тендерската постапка пред Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за доделување на договор на Регистарски таблици на моторни и приклучни возила и пробни таблици за моторни и приклучни возила и Регистарски таблици на Полицијата – 2011.
- Локален правен советник на добро познато друштво од Швајцарија за производство на челик во врска со јавниот тендер на Министерството за економија на Република Македонија за доделување на концесија за употреба на вода за производство на електрична енергија со мали хидро централи, давање на правни совети во врска со тендерската документација, подготовка на правно мислење во врска со Договорот за концесија на водите за изградба на мали хидро електрани за производство на електрична енергија, подготвени од Министерството за економија, 2008 – 2009.
- Локален правен советник на компанија од Австрија која управува со меѓународен аеродром, во тендерската постапка за Концесија за Изградба, Реконструкција и Управување со Аеродромите „Александар Велики“ во Скопје, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и карго аеродромот во Штип, подготовка на извештај за правна длабинска аналзиа, 2008.
- Локален правен советник на компанија – мобилен оператор од Австрија во постапката за Јавен тендер за доделување на одобрение за користење на радиофреквенции за трет мобилен оператор за јавни комуникациски мрежи и услуги 2007 година и правен советник на ВИП Оператор ДООЕЛ Скопје, 2007.
- Специјален Македонски советник во врска со изградба на нафтовод во Македонија, и инвестиционото задолжување – подготовка на Второ правно мислење за Купопродажбата на акции и Договорот за концесија склучен на ден 08.05.1999 година (2011).
- Од 2006 година делуваме како локален правен советник на акционерско друштво од Скопје за снабдување и дистрибуција на електрична енергија.
- Во поново време делуваме како локален правен советник на многу меѓународни и домашни клиенти во однос на:
- Основање на локални друштва за трговија со електрична енергија, регистрација на директни инвестиции во Регистарот на странски директни инвестиции (во случај на странски клиенти);
- Спроведување на постапки за добивање на лиценци за трговија со електрична енергија за потребите на локалните друштва пред Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија;
- Давање на правна помош на локалните друштва во постапки пред АД МЕПСО за добивање на EIC код и склучување на договор со МЕПСО за учество на пазарот на електрична енергија;
- Подготовка на потребната документација за учество во аукции за доделување на преку гранични преносни капацитети за потребните на локалните друштва,
- Подготовка на сите потребни корпоративни документи за потребите на локалните друштва.
- Локален правен советник на странско друштво од областа на енергијата (со седиште во Каналски острови) за инвестициски проект во Македонија во секторот за обновлива енергија; подготовка на извештај за правна длабинска анализа; консултански дејствија за реализација на проектот 0 2008 – 2009.
- Правни мислења на најновата и најмодерната винарија во Македонија во врска со меѓународна регистрација на трговски марки – 2014 – тековно.
- Локален правен советник на меѓународен мултимедијален бизнис (кој опфаќа развивање, продукција и дистрибуција на 300+ (во целосна сопственост или во мнозинска сопственост) спортски, реални и филмски канали на 45 јазици во латинска Америка, Европа, Азија и Африка) преку неговите друштва лоцирани во Бугарија и Италија за прашања од интелектуална сопственост и конкуренција – 2010.
- Локален правен советник на водечки глобален трговец со услуги за храна (со преку 36,000 ресторани во повеќе од 100 земји) во врска со регистрација на правата од индустриска сопственост пред надлежните власти во Република Македонија – 1998 – тековно.
- Локален правен советник на многу домашни и меѓународни друштва во врска со регистрација на правата од индустриска сопственост.
- Локален правен советник на клиент од Германија, кој е водечки светски производител на производи и давател на услуги на луѓе со хронични бубрежни болести, во врска со подготовка на правни мислење и соодветни договори согласно применливото право и регулатива во Македонија – 2012 – тековно.
- Локален правен советник на американска глобална фармацевтска компанија во врска со давање на правни мислења и совети согласно применливото право и регулатива во Македонија – 2008 – тековно.
- Правен советник на една од водечките спортски обложувалници во Македонија, во постапката за доделување на лиценца за приредување на посебни игри на среќа во обложувалница, вклучувајќи и подготовка на правни мислења од различни области; подготовка на корпоративни документи и давање на широк обем на правни услуги на секојдневна основа – 2013 – тековно.
- Правен советник на компанија од Бразил која работи во авионската индустрија (и е еден од најголемите производители на авиони во светот) во проектот за изнајмување на авиони на локална авионска компанија, 2005.
- Правен советник на компанија од Канада која работи во авионската индустрија (и е еден од најголемите производители на авиони во светот) во проектот Барање за понуда за набавка на еден авион за потребите на Република Македонија – Одделение за општи и управни работи, 2004.
- Правен советник на финансиска холдинг компанија од САД и нејзината фирма – ќерка од Франција во проектот за изнајмување на авиони на локална авионска компанија, 2000, 2004-2005.
- Правен советник на водечка компанија во светот за давање и земање под закуп на авиони за комерцијални цели (со седиште во Ирска) во проектот за изнајмување на авиони на локална авионска компанија, 1999-2004.
- Локален правен советник на фирмата – ќерка (со седиште во Сента, Србија) на водечки меѓународен производител на тутунски производи од Јапонија, 2007- тековно.
- Локален правен советник на водечки меѓународен производител на тутунски производи од Јапонија, преку Freshfields Bruckhaus Deringer, Лондон, Велика Британија, во врска со правната регулатива за тутунската индустрија во Македонија, 2003 – тековно.
- Правен застапник и советник на еден од најголемите производители на тутунски производи и цигари во Европа (со седиште во Германија) и неговата фирма –ќерка од Словенија, за нивното трговско и економско присуство во Македонија, 1998.
- Адвокатското друштво ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ ги покрива сите видови на комерцијални случаи пред македонските судови и цели кон ефективно решавање на споровите а која работи сложени предмети со меѓународна позадина.
- Адвокатското друштво ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ води значајни спорови во разни правни област како што е поврат на долг и подготовка на комерцијални договори, нелојална конкуренција, надомест на штета, повреда на права од интелектуална сопственост, работни односи и односи помеѓу компании и членови на нивните тела, заштита на лични права посебно во областите на стопански криминал.