Профил на компанијата

Основачите на адвокатското друштво ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ (порано МЕНС ЛЕГИС ЧАКМАКОВА Адвокати) се присутни на пазарот на правните услуги во Република Македонија повеќе од 20 години.

Адвокатското друштво ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ е признато како едно од водечките адвокатски друштва во Република Македонија и е високо ценето и почитувано од страна на своите домашни и странски клиенти. ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ делуваше како локален советник на неколку клиенти во најзначајните трансакции во Македонија во последните 20 години. Во нашето портфолио имаме разновиден список на клиенти, од големи корпорации, средни и мали претпријатија до поединци на кои им посветуваме исто ниво на стручност и професионализам во разрешувањето на нивните правни проблеми.

Ние ги покриваме сите области од правото, а располагаме со особена стручност во преземања и спојувања, конкуренција, корпоративно право, јавни набавки, банкарство и финансии, трговско право, странски инвестиции, парници и решавање на спорови, даночно право, интелектуална сопственост и трансфер на технологии, вработување и работни односи.

ЧАКМАКОВА АДВОКТИ активно учествуваше во многу проекти кои вклучуваат суштинска длабинска анализа на постоечките закони и регулативи во различни области на правото. Нашата улога во создавање на модерен правен систем преку создавање на квалитетни правни стандарди, од теоретски и практичен аспект, е признаена од државната власт и нашите клиенти.

 

Профил на ЧАКМАКОВА Адвокати

 

Уште од самите негови почетоци адвокатското друштво е признаено од страна на многу независни меѓународни публикации како водечка фирма во различни области од правото на пазарот на правните услуги во Македонија.

Нашиот тим е составен од високо обучени и искусни адвокати и соработници, секој посветен на специфична област од правото со највисоко ниво на професионализам, стручност и посветеност во енергично застапување и штитење на правните и деловни интереси на нашите клиенти. Континуираното образување и обучување на членовите на нашиот тим како наша главна цел се гледа преку нивното учество во домашни и меѓународни специјализирани семинари, конференции и курсеви со што секогаш сме во чекор со промените во правната регулатива. Стручноста на нашиот тим им овозможува на неговите членови често да бидат повикувани да земат учество на такви настани како предавачи и/или организатори со што нам ни се овозможува дополнително да ја шириме нашата професионална мрежа.

Во текот на изминатите години засновавме и одржуваме голема професионална мрежа на правни експерти со кои соработуваме секојдневно. Нашата компанија соработува со многу меѓународни правни фирми од целиот свет.